Центарот за странски јазици Ла Виста, веќе пет години успешно организира настава на следните странски јазици: италијански, англиски, шпански, француски, германски, грчки и португалски јазик, кој што може да се изучува единствено во ова приватно училиште.
Училиштето располага со високо стручно образовани кадри кои што имаат повеќегодишно работно искуство и веќе се докажани како стручни и професионални во нивната област.
Ла Виста се труди редовно да ги следи сите актуелности, што се однесува до наставните програми, кои се користат во училиштето. Но, сепак центарот е препознатлив по тоа што секогаш изнаоѓа посебно креативни начини кои што изучувањето на еден странски јазик го прават поинтересно и позабавно.
Тука би ги споменале организацијата на театарските претстави, во кои што учествуваат самите слушатели, а се режирани од режисерот Војо Цветановски, како и организацијата на веќе традиционалната караоке - забава, која што секогаш е поддржана од најдобрите dj-и на City Radio.
повеќе...
ПОСЕТИТЕЛИ:
